Лејди Гага во главната улога на долгоочекуваниот филм за семејството Гучи (Фото)

На семејството Гучи, по кое е именувана една од најголемите модни куќи во светот, никогаш не им недостасувале пари и интриги, а вистинско чудо е што досега не беше снимен ниту еден филм за нив. Тој пропуст ќе биде исправен со веројатно најбизарната и најинтереснта од нивните приказни, убиството на Маурицио Гучи. Ридли Скот ќе режира филм за еден од најголемите скандали во светот на модата, мистерија што ја интригира цела Италија со години и извади на површина бројни тајни од приватниот живот на династијата Гучи.

Филмот се снима низ Европа по сценарио на Роберто Бентивења, а е базиран на книгата „Тhe House of Gucci: A Sensational Story of Murder, Madness, Glamour, and Greed“ од Сара Геј Форден.

Сликата на Лејди Гага и Адам Драјвер во амбиентот од крајот на минатиот век го обиколи целиот свет и го поттикна интересот за инаку неверојатните настани помеѓу директорот на модната куќа „Гучи“ и неговата екстравагантна сопруга. „House of Gucci“ ќе ја покаже нивната врска и приказната за тоа што всушност се случило пред 26 години кога беше убиен Маурицио Гучи. Главните улоги како што веќе споменавме ги толкува светската музичка ѕвезда Лејди Гага како Патриција Реџани и Адам Драјвер како Маурицио Гучи. Покрај нив во филмот се појавуваат и легендарниот Ал Пачино, Џеред Лето и Џереми Ајронс.

Премиерата се очекува да биде во ноември годинава. Инаку баш оваа година се одбележуваат 100 години од основањето на брендот.

Подготви: Филип Етмишовски

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com