Леди Гага се пофали со новото момче (Фото)

Светската музичка ѕвезда Леди Гага е повторно заљубена. Популарната пејачка и актерка веќе еден месец е во врска со инвеститорот Мајкл Полански. Шпекулациите на медиумите ги потврди самата Леди Гага со објавување на фотографија со новото момче на Инстаграм.

Гага на фотката може да се види како седи во скутот на Мајкл. Мајкл инаку е еден од основачите на Фондацијата Паркер која финансиски помага во лекувањето на заболените од рак.

Повеќе на Музика24...