World Music

Легендата на кантри музиката сними песна што ќе се слушне дури во 2045 година

Легендата на кантри музиката, Доли Партон, тајно сними песна што сега е запечатена во временска капсула, а ние нема да можеме да ја слушнеме до 2045 година. Според странските медиуми, „временската капсула“ е дрвена кутија заклучена на имотот на Доли Партон.

Пејачката, во својата книга „Мојот живот во стихови“, откри дека сите вработени на имотот се добро информирани дека кутијата не смее да се допира. Тие исто така знаат за упатствата, односно кога треба да ја отворат, пренесуваат медиумите.

„Тогаш ќе имам 99 години и ако сум жива тогаш, сигурно ќе присуствувам на отворањето на кутијата“, рече Доли Партон.

Можеби ќе ве интересира: