Светски познатиот артист Лени Кравиц му се придружува на латино ѕвездата Џенифер Лопез во филмот „Shotgun Wedding“ во продукција на Lionsgate film. Кравиц ќе игра ликот на Шон, поранешеното момче на Грејс (Џенифер Лопез).
Дејствието на филмот ги прати Грејс (Џенифер Лопез) и Том (Џош Духамел), кои се подготвуваат да ги соберат своите семејства за нивната свадба. Заплетот се случува кога сите гости на венчавката ќе бидат земени како заложници.
Кравиц претходно се појави во франшизата „The Hunger Games“ но и во „Precious“ и „The Butler“. Во останатите улоги на „Shotgun Wedding“ покрај споменатите се јавуваат: Чич Меран, Дарси Карден, Селина Тен, Дезмин Борхес и Алекс Малари.