Мадона порачува: Немојте да стареете, стареењето е грев (Видео)

“И конечно, немојте да стареете, бидејќи стареењето е грев. Ќе бидете критикувани, ќе бидете осудени и дефинитивно нема да ве пуштат на радио”, рече Мадона, најверојатно мислејќи на Би-Би-Си Радио 1, кое одбрало да и пушти еден од нејзините последни синглови, бидејќи сака да ја привлече помладата публика. Инаку, поп-ѕвездата Мадона денеска полни 6о години. Таа својот 60-ти роденден ќе го одбележи и со акција за собирање на средства за децата од Малави, која започна минатиот месец и ќе трае до 31-ви август, а ќе биде спроведена во соработка со Фејсбук. Заинтересираните можат донациите да ги уплатат директно преку нејзината официјална страница на оваа социјална мрежа, а собраните средства ќе бидат наменети за фондацијата “Рајзинг Малави”. “Посветена сум да им обезбедам дом на овие загрозени деца. За мојот роденден не можам да замислам подобар подарок”, истакна Мадона. Поп ѕвездата и хуманитарка посвои четири деца од Малави, а фондацијата “Рајзинг Малави” ја основа во 2006 година. Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат искористени за храна, училишна опрема и за здравствена заштита за загрозените деца од оваа африканска држава. Подготви: Редакција Музика24
Повеќе на Музика24...