Мадона призна дека боледува од тешка болест

Мадона откри дека поради исцрпеност и болка морала да откаже неколку настапи, иако, како што велат нејзините фанови тоа воопшто не е карактеристично за неа. Нејзините настапи и концертни тури кои ги има по цел свет, секогаш биле енергични и се чинеше дека кралицата на попот никогаш нема да запре. Сепак, таа сега проговори за проблемите со кои се соочува и тоа по пат на својот Инстаграм.

“Простете ми за овој неочекуван развој на настаните. Да се има концерт секој вечер, за мене е голема радост, но и болката која ја чувствувам стана преголема”, порача Мадона и додаде:

“Тешко ми е да признаам дека сум од крв и месо, но колку тоа и да го порекуваме, така е. Морам да одмарам за да заздарви коленото”, напишала Мадона и додала дека никогаш нема да се откаже од пеењето иако боледува од тешка болест.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.