Филм за легендарната пејачка Били Холидеј пристигнува на платформата Хулу. Екранизацијата наречена „Соединетите држави против Били Холидеј“ ја режираше Ли Даниелс, а главната улога ја имаше Андра Деј. Според соопштението за медиумите, филмот „непогрешливо го претставува комплицираниот, незапирлив живот на иконата“. Филмот е напишан од Сузан-Лори Паркс, а во него играат и Треванте Родос, Наташа Лион, Герет Хедланд, Тајлер Џејмс Вилијамс и други.
– „Без разлика дали сте нови во приказната за наследството на Били Холидеј или ја знаете секоја нота што некогаш ја отпеала, се надевам дека нашето славење на оваа сложена жена ќе ја оправда одличната музичка легенда и активист за граѓански права чијашто уметност одекнува денес како и пред 80 години.“ – истакнува режисерот Ли Даниелс.
Погледнете го трејлерот за филмот чија премиера е закажана за 26-ти февруари на Хулу.