World Music

Освен кралица на поп музиката, Мадона е и кралица на хуманоста

Кралицата на поп музиката Мадона, неодамна повторно отпатува за Кенија, каде заедно со својата непрофитна организација „Raising Malawi“ ги посети децата во домовите.

Како што може да се види на нејзиниот Инстаграм профил, таа е повеќе од една недела заедно со децата во Кенија. Претходно таа донираше пари за основање на училишта, библиотеки, болници, а сега го отвори и студиото за танци „Madame X Dance Studio“, со цел да им помогне на девојчињата и момчињата без родители да работат на себе си и да ги развиваат своите таленти.

„Тоа ми е многу важно, не само поради тоа што приватно многу ја сакам Кенија, туку и поради тоа што таму има многу млади, паметни и талентирани деца кои само чекаат да им се пружи прилика. Хуманоста е причината поради која сме живи“, изјави Мадона за Дејли Мејл.

„2020 година беше тешка за целиот свет, но во Кенија секоја година е тешка. Особено за децата во домовите. Ме исполнува тоа што знам дека сум основала место каде децата ќе можат да се сакаат, да учат и да се развиваат“, додаде таа.

Можеби ќе ве интересира: