World Music

По 35 години пауза, АББА сними две нови песни

Членовите на шведската група АББА соопштија дека првпат по 35 години имаат нов материјал. Тие наведоа дека снимиле две нови песни, од кои едната се вика “Се уште верувам во тебе” (I still have faith in you). Славната шведска четворка Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад во 70-те години на минатиот век имаа голем број светски хитови како “Ватерло”, “Денсинг квин”… и други. Тие во 1982 година се разидоа, но од неодамна повторно работат заедно и планираат виртуелна турнеја.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: