По пауза од 8 години, Боб Дилан со нов студиски албум

Американскиот музичар Боб Дилан ќе издаде нов студиски албум, негов 39-ти по ред. “Rough and Rowdy Ways” излегува на 19-ти јуни, соопшти Дилан на Твитер. Според списанието “Ролинг стоун”, албумот ќе содржи 10 песни. Три од нив веќе беа претставени, а тоа се 17-минутната “Murder Most Foul” – за убиството на Џон Кенеди, “I Contain Multitudes” и “False Prophet”.

“Rough and Rowdy Ways” ќе биде првиот авторски албум на Дилан по осумгодишна пауза, по “Tempest” од 2012 година. Во меѓувреме, тој објави уште три албума – “Shadows in the Nigh” (2015), “Fallen Angels” (2016) и “Triplicate” (2017), но тие се состојат од преработки на песни од други автори.

Со својата 50-годишна кариера, Боб Дилан се смета за една од највпечатливите фигури во рок-музиката. Според “Ролинг стоун”, тој е вториот најзначаен изведувач во историјата, по “Битлси”.

Повеќе на Музика24...