Почина авторката на најпопуларната песна од ТВ-серија (Видео)

Нема кој не ја знае песната “I’ll be there for You”, со која почнува легендарната серија “Пријатели”. Како што пренесуваат светските медиуми, нејзината авторка, музичарката Ел Вилис, ненадејно починала, а како причина се наведува срцев удар. Веста за нејзината смрт ја објави нејзината животна партнерка, Пруденс Фентон на социјалните мрежи.

Таа за оваа песна беше номинирана за Еми, додека пак Греми доби за музиката за филмовите “Боја на пурпурот” и “Полицаецот од Беверли Хилс”. Култната песна “I’ll be there for You“ ја испеаја популарните “The Rembrandts”.

Повеќе на Музика24...