Почина Флоријан Шнајдер основачот на “Kraftwerk” (Фото)

Флоријан Шнајдер, пионерот на електронската музика и еден од основачите на “Kraftwerk”, почина на 73 годишна возраст, соопштува американскиот магазин “Билборд”. Според информациите, музичката легенда починала од рак.

Во 1970 година, Шнајдер заедно со Ралф Хутер ја основа легендарната музичка група “Kraftwerk” која ја измисли роботската естетика и успешно ја вклопија во својата музика и концертни настапи.

Повеќе на Музика24...