Почина пејачката на групата “Roxette” (Фото+Видео)

Шведската пејачка Мари Фредриксон од поп-дуото “Roxette” почина на 62-годишна возраст, пренесува BBC. Мари долго време се бореше со тумор на мозокот, објави нејзиниот менаџер. Во изјавата се вели дека таа починала во вторникот, 9-ти декември, “по 17-годишна битка со ракот” и дека ќе биде погребана во кругот на најблиското семејство.

Пејачката открила во 2002 година дека имала тумор на мозокот. Лекарите тогаш и дале само 20 проценти шанса да се подобри, но по долгата и агресивна терапија, туморот се повлекол. Поради хемотерапија, таа остана без вид на едното око и со оштетен слух. Имаше проблеми и да зборува со месеци по хемо терапијата. Таа зад себе го остави сопругот Микаел Болиос и двете деца, 26-годишната ќерка Инез Јозефин и 23-годишниот син Оскар.

“Времето лета навистина брзо. Не толку одамна, поминувавме денови и ноќи во еден мал стан, споделувајќи невозможни соништа. И каков сон што конечно го добивме за да го споделиме! Чест ми е што го сретнав твојот талент и дарежливост. Цела моја љубов ја испраќам до тебе и твоето семејство “Работите веќе нема да бидат исти”, објави Пер Гесл од “Roxette”.

Мари Фредриксон, е родена на 30.05.1958 година. Таа беше шведска поп-пејачка, текстописец, пијанистка и сликарка, најпозната како дел од поп-рок дуото “Roxette”, кое го основаше во 1986 година со Питер Гесл. Дуото постигна меѓународен успех кон крајот на 1980-те и почетокот на 90-те години со “Look Sharp!” (1988) и “Joyride” (1991). Меѓу најпознатите песни на групата “Roxette” се “The Look”, “Joyride” и “It must have been love”. Тие го издадоа својот последен заеднички албум во 2013 година.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com