Поп ѕвездата Ед Ширан со рекордно најдолга и најуспешна турнеја досега

Поп-ѕвездата Ед Ширан им се заблагодари на обожавателите кои одлучија да ги посетат неговите настапи во рамки на турнејата “Divide” и кои придонесоа овие неколку концерти да бидат најголемата, најпосетена и најплатена турнеја во историјата на музиката. Со оваа турнеја, Ширан собори неколку рекорди кои досега ги држеше планетарно славниот рок-бенд “Ју-Ту”, пренесува Би-би-си.

Турнејата “Divide” започна на 16-ти март, 2017 година, во Торино, а ќе заврши со концертот во Чантри Парк во Ипсвич, на 26-ти август оваа година. Кога ќе дојде последниот концерт, според некои проценки, Ед Ширан на пат ќе има поминато 893 дена, наспроти до скоро рекордните 760, колку што “Ју-Ту” патуваше на своите концерти. Исто така, со својот настап во Франција во мај, Ширан го надмина рекордот на посетеност на најуспешниот концерт на Боно и екипата. Проценката за вкупната бројка на посетители се движи околу 8,1 милиони.

Во рамките на “Divide”, пејачот одржа рекордни 225 настапи, наспроти 100-те настапи што ги имаа “Ју-Ту” на својата турнеја “360”.

Повеќе на Музика24...