Поради домашно милениче Крис Браун го чека затвор

На популарниот пејач Крис Браун му се закануваат шест месеци затвор поради нелегално поседување мајмун капуцин, пишува “Трибјун”. Пејачот на социјалните мрежи, каде што го следат повеќе од 49 милиони луѓе, објавуваше фотографии и видеа на мајмунот Фиџи. Набргу потоа, Агенцијата за заштита на животните дозна за тоа и му го одзеде мајмунот, а сите информации ги потврди Јавното обвинителство во Лос Анџелес.

Одделот за риби и диви животни во Калифорнија тврди дека мајмунот бил во куќата на пејачот само неколку месеци, од октомври 2017 до јануари 2018 година. На почетокот од минатата година ја истражувале куќата на пејачот. Тогаш тој не бил дома, но го нашле мајмунот.

“Тој може да добие шест месеци затвор, бидејќи не го почитувал законот. Властите открија дека тој никогаш немал дозвола и влегле во неговиот дом во Лос Анџелес. Браун го избегна претресот на неговата вила затоа што го предаде мајмунот”, изјави вработен во Агенцијата. Судењето за нелегално поседување на заштитен вид на мајмун ќе биде на 6-ти февруари, а ако биде осуден, Крис може да добие до шест месеци затвор. Инаку, мајмуните капуцини се едни од најинтелигентните мајмуни и често се користат во филмската индустрија.

Крис веќе имаше проблеми со законот. Тој физички се пресмета со тогашната девојка, пејачката Ријана, бидејќи дознала дека ја измамил.

Повеќе на Музика24...