После 35 години објавен албумот на Марвин Геј

Триесет и пет години откако почина, ќе биде објавен новиот албум на американската музичка легенда Марвин Геј. Албумот со наслов “You’re the man” го објави минатата седмица издавачката куќа “Motown Records” и содржи 17 досега необјавени песни на Геј.

Според списанието Billboard, песните се снимени во 1972 година и требало да бидат продолжувањето на албумот “What’s going on” од 1971 година. Снимките, меѓутоа, се отфрлени бидејќи уредниците на изадавачката куќа, оцениле дека меѓу нив нема хит сингл. Според првите критики по објавувањето на албумот, се чини дека одлуката за тоа албумот не биде објавен била голема грешка.

Амераканската музичка икона Марвин Геј беше убиен од неговиот тако на 1-ви април 1984 година, откако се вмешал во кавга меѓу родителите. Геј има добиено многу признанија за неговата музија, но повеќето постхумно. Меѓу нив е и Греми за животно дело. Новиот албум на Геј е достапен за “стриминг” на Spotify.

Повеќе на Музика24...