После 8 години Ени Лекокс сними нова песна

Светски познатата пејачка Ени Ленокс по осумгодишна пауза ја сними песната “Реквием за приватна војна”. Песната е дел од новиот биографски филм “Приватна војна” на режисерот Метју Хајнеман. Филмот ја раскажува приказната за новинарката Мери Колвин, која беше убиена додека снимаше репортажа во сирискиот град Хомс во 2012 година.

“Не можам да речам дека бевме пријателки, но мислам дека да не беше убиена, ќе научев многу од неа. Не сакам да сум многу сентиментална околу ова, но чувствувам дека ако Мери беше тука, ќе знаеше дека ова е вредно за неа”, рече Ленокс во едно интервју и откри дека ја запознала Колвин пред да почине. Ленокс додала и дека нема план да пишува други песни. Нејзиното внимание е насочено кон глобалниот феминизам, а таа поддржува организаиции како новинарската мрежа “Мери Колвин”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.