После долга пауза Тина Тарнер се враќа на сцената (Фото+Видео)

Откако трагично го загуби својот син пред две години и се пензионираше, поп ѕвездата се повлече од музиката. Сега со ремиксот на хитот “What’s love got to do with it” и соработката со млад диџеј, ќе се обиде повторно да ја фасцинира публиката.

Норвешкиот продуцент и DJ Kygo направи ремикс на нејзиниот хит, кој за прв пат беше објавен во 1984 година. Тој ја објави оваа вест на својот Инстаграм профил, со фотографија на која позира со славната пејачка.

“Се уште не можам да верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер и дека сите ќе можат да ја слушнат во петок песната. “What’s love got to do with it” е една од моите омилени композиции на сите времиња и изгледа нереално што имам можност да соработувам со таков легендарен уметник’, открива Kygo. Младиот диџеј влезе во музичката историја минатата година, откако направи ремикс на песната на Витни Хјустон “Higher Love”, со која таа постхумно влезе во “Billboard Hot 100”.

А во продолжение, потсетете се на легендарниот хит на Тина Тарнер “What’s love got to do with it” од 1984-та година:

Повеќе на Музика24...