Продадена вилата на Френк Синатра (Фото)

Американската комичарка Минди Калинг стана сопственичка на куќата на плажа, во Малибу, кој а некогаш му припаѓала на Френк Синатра. Почетната цена била 12,9 милиони, потоа 11,5 и на крајот е продадена за 9,95 милиони долари.

Куќата има 7 спални соби и 9 бањи. Далечната 1992, Барбара и Френк Синатра соработувале со дизајнерот Тед Грензбах, за да ја создадат оваа луксузна недвижнина, односно нивното “најсреќно место на планетата”.

Куќата е сокриена и опкружена со зеленило, и има мал, ретро базен, сауна, приватна тераса, фризерски салон. Идеална е за бегство од градот, дружење и организирање вечери, има лифт, надворешен и внатрешен бар, и предворје со поглед на океанот.

Во случај некој дена да не и се оди на плажа и да не и се бања во океан, Минди Калинг може да заплива во базенот, што е задолжителен дел од скоро секоја куќа во Лос Анџелес.

Медиумите пишуваат дека сега, кога куќата ќе ја поседува Минди Калинг, во неа често би можела на престојува Риз Витерспун, а додека тука живеел Синатра, чести годи биле Џек Лемон, Дик Мартин, Роберт Вагнер, Стив Лоренс и многу други. Како што велат, јасно е дека е создадена за забава.

Повеќе на Музика24...