Раперот Џеј Зи новогодишно се почести со часовник од 2,2 милиони долари (Фото)

Раперот Џеј Зи и сопруг на светски познатата пејачка Бијонсе, важи за еден од најбогатите луѓе од светот на шоубизнисот, а токму поради тоа може да си дозволи што ќе посака. Тоа се виде на роденденската забава на неговиот колега, раперот Паф деди, кој славеше јубилеен 50-ти роденден.

Имено, Џеј Зи на роденденот дојде во елегантен црн костум, а на неговата рака имаше скапоцен часовник кој вреди цело богатство. Во прашање е часовник од брендот “Patek Philippe Grandmaster Shime 6300 G” кој вреди неверојатни 2,2 милиони долари, а изработен е од бело злато и има реверзибилно куќиште.

Повеќе на Музика24...