World Music

Реиздание на албумот “Let It Bleed” од легендарните The Rolling Stones

Светски позната рок-група The Rolling Stones по повод 50-годишнината од првото издание на славниот албум “Let It Bleed”, ќе објави збогатено реиздание на истиот, преработено и обновено во моно и стерео-верзии со сингл од седум инчи, постер и книга како додатоци. Делукс изданието ќе биде достапно од 1 ноември, на два винила или двоен “Хибрид-супер аудио” ЦД сет.

Во сет-колекцијата ќе има и нова верзија од синглот од 1969 “Honky Tonk Women / You Can’t Always Get What You Want”, три литографии, голем постер од првиот пакет, книга со тврди корици на 80 страници, која содржи есеј на новинарот Дејвид Фрики и досега необјавени фотографии со Етан Расел. Обновената стерео-верзија ќе биде достапна и засебно на ЦД, винил и во дигитален формат.

Можеби ќе ве интересира: