Ријана подготвува автобиографска книга (Видео)

Светската пејачка Ријана наскоро ќе излезе со своја автобиографија. Пејачката ќе ги открие сите свои интимни тајни, во книгата која ќе се вика “Ексклузивен увид во мојот свет”. Книгата ќе има петстотини страни и повеќе од 1000 фотографии.

“Многу сум возбудена што ќе ја поделам оваа колекција со ексклузивни фотографии. Благодарна сум на сите кои кои дадоа допринес во оваа книга. На истата работевме повеќе од пет години и среќна сум што конечно можам да ја споделам со моите фанови”, вели Ријана.

Книгата доаѓа во три посебни изданија: “Rihanna: Fenty x Phaidon Edition”, “Rihanna: Luxury Supreme” и “Rihanna: Ultra Luxury Supreme”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.