Светската музичка ѕвезда Роби Вилијамс објави своја божиќна песна. „Can’t stop Christmas” е инспирирана од коронавирусот и сите случувања во текот на 2020. Новиот сингл е во пресрет на веројатно најчудниот Божиќ за многумина од нас. „Дедо Мраз е на санки, но сега е на два метра.“ – пее Роби на шега за социјалното растојание.
Песната се наоѓа на неговиот празничен албум „Божиќен подарок”, кој содржи мешавина од празнични класици и соработки со Род Стјуарт, Брајан Адамс, Џејми Калум, Тајсон Фјури и др.