„Rolling Stones“ промовираа необјавена песна (Видео)

„Rolling Stones“ пред публиката ја претставија необјавената песна “Troubles A’ Comin”, која излегува во пресрет на претстојното славеничко издание „Tattoo You“. Албумот се реиздава со неколку додатоци по повод 40 години од неговото објавување во 1981 година.

Песната првично беше компонирана во Париз во 1979 година, а сега, по долгогодишно чекање, конечно ја виде светлината на денот, придружена со лирски видеа со архивски фотографии. Од 30-ти септември „Troubles A’ Comin“ може да се слуша на сите музички платформи. „Troubles A’ Comin“ е снимена кон крајот на 1970-те и требаше да излезе во студиско издание во 1981 година. Четири децении откако и конечно беше објавена, оваа заразна песна предводена од гитара е вистински музички скапоцен камен и вовед во вкупно девет неодамна завршени реткости од архивата на бендот, кои ќе бидат комбинирани во колекционерското уживање „Lost and Found“, специјално дополнување на славеничкото издание „Tattoo You“.

Преиздавањето на признатиот мулти-платинест албум „Tattoo You“ пристигнува на јубилејот од 40 години и носи обновени снимки од сите 11 песни од оригиналното издание во 1981 година, вклучувајќи ги и безвременските омилени: „Hang Fire“, „Waiting On A Friend“ и се разбира неизбежната хит песна „Start Me Up“, која стана препознатлив и незаменлив потпис на бендот.

Специјалното издание ќе биде достапно од 22-ри октомври на винил и ЦД.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com