Се ожени најпознатиот DJ во светот (Фото)

Диџеј Тиесто се ожени со манекенката Аника Бекерс. Парот свадбената церемонија ја огранизираше во пустина. Тисето на својот Инстаграм објави фотографија од свадбата која била во пустина во Јута (САД).

“Љубовта на мојот живот.21.09.2019”, напиша Тиесто во описот на фотографијата. Парот направил церемонија за 80 луѓе во луксузно одмаралиште со пет ѕвездички.

View this post on Instagram

Love of my life 21-09-2019 💍❤️

A post shared by Tiësto (@tiesto) on

“Градот кој и двајцата го сакаме е Вегас, па започнавме да бараме локација, но одлучивме дека сакаме да биде некаде подалеку”, изјави парот во едно интервју. Манекенката и Тиесто се запознале во еден ресторан во Њујорк во 2015, а се свршија во ноември претходната година.

Инаку, диџеј Тиесто е трет најбогати диџеј на листата на Форбс.

Повеќе на Музика24...