World Music

Шакира нападната од диви свињи

Славната пејачка Шакира вели дека била жртва на напад на две диви свињи додека шетала во парк во Барселона, со нејзиниот осумгодишен син Милан. Колумбиската музичарка вели дека животните ја нападнале, и ја растргнале торбата, а потоа избегале во шумата. Нејзината приказна од овој бизарен настан ја сподели на Instagram story, пишува BBC.

Држејќи искината торба кон камерата таа вели дека биле нападнати од две диви свињи во паркот. Во торбата бил и нејзиниот мобилен телефон, кој сега е веќе уништен. Шакира е една од жртвите на се поагресивните свињи кои во последните неколку години го нападнаа каталонскиот град.

Шпанската полција во 2016 година прими 1.187 телефонски повици за диви свињи кои напаѓаат кучиња, сметат во сообраќајот и наидуваат на автомобили во градот. Еден полицаец во 2013 година се обиде сам да го реши проблемот, пукајќи во дива свиња, но наместо тоа промаши и рани свој колега.

Можеби ќе ве интересира: