Со нов албум “Abba” се враќа на светската музичка сцена (Видео)

Познатиот бенд “Abba” се враќа на музичката сцена. Хитмејкерите од Шведска повторно се собраа и веќе се спремни да ја покорат светската естрада. “The Visitor”, последниот албум на оваа популарна четворка, беше објавен уште во 1981 година. За воодушевување на многумина, Бени Андерсон (73) откри дека се вратил во студиото со Агнет, Ани-Фрид и Бјернпо скоро 40-годишна пауза и дека се подготвени да издадат нови песни.

“Песните ќе бидат објавени оваа година, претпоставувам дека по летото. Можам само да шпекулирам, затоа што не сум целосно сигурен. Не треба да даваме лажни ветувања, но ако се запрашам, ќе биде септември. Не е само моја одлука, туку целта е да излезе некаде во есен. Веќе се познати и насловите на две песни “I Still Have Faith In You” и “Don’t Shut Me Down”. Едната песна ќе има поп звук, додека втората се планира да биде подинамична”, вели Андерсон.

АББА е основана во 1972 година во Стокхолм, а две години подоцна тие ја освоија Евровизија со песната “Waterloo”, една од најпопуларните нумери од популарната четворка.

Повеќе на Музика24...