Специјалното шоу, со наслов „Меџикал кристмас спешл на Мараја Кери“, ќе биде премиерно прикажано на „Епл ТВ-плус“ на 4-ти декември, а во него ќе гостуваат голем славни личности вклучувајќи ги Тифани Хадиш, Били Ајхнер, Аријана Гранде, Џенифер Хадсон, Снуп Дог, Џермејн Дупри, Мисти Копленд, Микал-Мишел Харис, па дури и близнаците на Мараја, Марокан и Монро.
Специјалната емисија на „Епл ТВ-плус“ следи приказна за криза на Северниот Пол, а за помош таму се упатува омилената помошничка на Дедо Мраз – Мараја Кери. И потоа неоспорната божикна кралица мора да се вклучи за да го спаси денот со помош на нејзините специјални гости.