Стиви Вондер го чека трансплантација на бубрег

Музичката легенда Стиви Вондер на концертот кој го одржа вчера вечер во Лондон, откри дека го чека трансплантација на бубрег.

“Јас сум добар, имам донатор и се е во ред”, рече Вондер на концертот што се одржа на музичкиот фестивал “Бритиш самер тајм Хајд Парк” во Лондон. По пеењето на песната “Суперстишн”, тој и се обрати на публиката и рече дека сака да ги спречи гласините што се шират за неговото здравје.

“Сакам да знаете, дојдов да ве поздравам и да ви се заблагодарам за љубовта. Ве сакам и Бог да ве благослови”, рече тој. Тој додаде дека операцијата ќе биде во септември, а дотогаш ќе има уште неколку концерти. Обожавателите го испратија од сцената со силен аплауз и овации, а поддршка на концертот му беше неговиот пријател Лајонел Ричи.

Повеќе на Музика24...