“Take That” на светска турнеја без Роби Вилијамс

Гери Барлоу од групата “Take That” објави дека Роби Вилијамс и Џејсон Оринџ нема да учествуваат во турнејата на групата следната година по повод 30-годишнината од основањето, соопшти Контактмјузик.

Барлоу, Марк Овен и Хауард Доналд ќе одат на светска турнеја во 2019 година за да ја прослават годишнината. И покрај шпекулациите од страна на фановите дека двајцата поранешни членови на бандата ќе им се приклучат на Барлоу, Овен и Доналд на сцената, изведувачот на хитот “Back for Good” увери дека претстојните концерти ќе бидат изведени само од триото.

“Нашата врска е сосема јасна”, рече Барлоу и додаде: “Ова е проект што само тројца од нас го преземале. Обично вратата е отворена ако некој сака да се врати во групата. Но, сега Роби е зафатен со други обврски”.

Роби Вилијамс ја напушти групата во 1996 година, една година пред нејзиниот колапс. Тој ја отвори можноста да се врати во групата кога повторно се формираше во 2006 година.

Повеќе на Музика24...