World Music

„Битлси“ оствариле над 90 милиони долари приход во 2019 година

Половина век по нивното распаѓање, најпознатиот бенд на сите времиња „Битлси“ сè уште остваруваат огромни приходи. Компанијата формирана од преостанатите членови на култниот бенд остварила приход од над 50 милиони фунти, односно 90 милиони американски долари минатата година, пренесува британски „Дејли мирор“.

Годишните банкарски изводи на „Епл Корпс лимитид“ покажаа промет од 50.244.899 фунти за 12 месеци завршно со јануари, што е еквивалентно на 137.657 фунти на ден.

Според весникот „Дејли мирор“, преживеаните членови Сер Пол Макартни и Сер Ринго Стар, заедно со вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно и вдовицата на Џорџ Харисон, Оливија, добиле по 6,1 милиони фунти поединечно. Во оваа сума влегуваат 1.417.000 фунти како дивиденда и 4.719.500 фунти за обезбедување промотивни услуги и права на користење на име. Бројките на „Епл Корпс“ исто така покажаа дека тие оствариле добивка пред оданочување од 8.606.191 фунти.

Можеби ќе ве интересира: