Тина Тарнер ги продаде музичките права за 50 милиони долари

Легендарната американска пејачка Тина Тарнер ги продаде правата на сопствениот музички каталог во голема зделка на издавачката куќа БМГ. БМГ ги доби правата и на нејзиното име, имиџот и идните спонзорски и други договори. Компанијата не открила колку ги платила правата, но извори од индустријата велат дека станува збор за сума од 50 милиони долари. BMG е дел од медиумскиот конгломерат Бертелсман, ги претставува или ги поседува правата на работата на познатите личности, вклучувајќи ги Џон Ленон и Ринго Стар, Мик Џегер и Кит Ричардс, Курт Кобејн и Дејвид Боуви.

„Како и секој уметник, заштитата на моето животно дело, моето музичко наследство, е нешто лично“, рече Тарнер во соопштението објавено од БМГ, велејќи дека е „уверена“ дека нејзината работа „е во професионални и сигурни раце“. Извршниот директор на компанијата, Хартвиг ​​Масуч, рече дека БМГ е „почестена“ да управува со интересите на Тарнер, вклучувајќи ги и евергрините „What’s Love Got To Do With It” и „Private Dancer.”

„Тоа е одговорност што ја сфаќаме сериозно и ќе ја продолжиме вредно. Таа е навистина и едноставно, најдобра”, рече Масуч.

Тарнер е една од најголемите ѕвезди во историјата на поп-рок музиката. Музичката дива продаде над 100 милиони плочи. Тина Тарнер освои 12 Греми и овој месец ќе влезе во рокенрол холот на славните како соло уметник, откако била примена во тој пантеон во 1991 година со нејзиниот поранешен сопруг Ајк. Родена како Ана Меј Булик во Тенеси, се приклучила на бендот на Ајк Тарнерс како придружна пејачка на 18 годишна возраст. Во рок од две години, таа стана sвезда, а дуото постигна голем број хитови со идните ар и би хитови како што се „A Fool In Love, River Deep“, „Mountain High“ и „Nutbush City Limits“. Ајк и Тина се венчаа во 1962 година, но нивната врска била бурна и насилна и Тина во 70-те поднела барање за развод. Тарнер ја започна својата соло кариера и брзо го надмина своето партнерство со Ајк, со пет платинести албуми, вклучувајќи го и „Private Dancer“ од 1984 година, кој трипати стана платинест во Велика Британија. Во март, Тарнер се прости од јавниот живот со емотивен документарец „Тина“, емитуван на HBO.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com