“U2” го одржа последниот концерт?!

Дали е можно светски познатата рок група “U2” да го одржа последниот концерт во кариерата? Синоќа во Берлин, Германија беше затворена турнеата “Experience + Innocence 2018” на која беше промовиран последниот албум на ирскиот бенд “Songs of Experience”.

Последниот концерт на турнеата Боно го затворил со алузивната изјава:

“Долго време сме на сцената, наскоро ќе се навршат 40 години, а последните четири години навистина беа посебни. Сега заминуваме…”.

Неговата изјава ја пренесе твитер профилот @U2gigs кој најверојатно ги следи сите концерти на бендот. Изјавата предизвика паника по твитер, па обожавателите почнаа да нагаѓаат дали ова би можело да биде најава за распаѓање на групата која е активна од 1976 година. Прашање е само дали е ова реално или само погрешно протолкувана изјава.

U2gigs се обиде да ја смири ситуацијата објаснувајќи дека истата работа се случува на секоја турнеа, посебно на последниот концерт од турнеата кога се шпекулира дека групата ќе се распадне.

Повеќе на Музика24...