Во сабота голем он-лајн концерт на Лејди Гага и други познати светски музички имиња

Во соработка со СЗО и организацијата “Global Citizen”, Лејди Гага организира онлајн концерт “One World: Together at home#”, закажан за в сабота, а ќе се пренесува на Фејсбук и Јутјуб.

Нема сомнение дека и таа самата би предизвикала голем интерес, но сепак одлучи овој концерт да го направи со други познати личности, а листата е навистина долга и ексклузивна.

Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Џо Армстрог, Бурн Бој, Крис Мартин, се само дел од потврдените артисти. Ќе ги видиме и Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Кери Вашингтон, Малума, како и Пол Макартни, Пријанка Чопра, Стиви Вондер и многу други. Преносот ќе го води фантастична тројка – Џими Фалон, Џими Кимер и Стефан Колбер.

По овој повод Гага даде и видео изјава, во која ги повика сите луѓе да уживаат во музиката и да не уплаќаат пари, затоа што досега преку донатори успеала да собере 35 милиони долари. Исто така, изрази и поддршка на сите здравствени работници ширум светот.

“Иако физички не можеме да бидеме заедно, ајде да го направиме тоа он-лајн”, порача пејачката.

Повеќе на Музика24...