За 10 годишнината “One Direction” повторно заедно

Пред своето залагање за работите кои моментално се случуваат во светот, но и своите посебни проекти, момците од “One Direction” сепак мислат за своите фанови и се трудат да поработат на тоа 10 годишнинатата од некогаш планетарниот бенд да ги задоволи сите оние кои нетрпеливо ја очекуваат. Редовно во последните неколку месеци слушаме разни траги и шпекулации, како од членовите на групата, така и од разни други извори, кои треба сепак да ги земеме со одредена резерва.

Според “Hollywood Life”, Лиам Пејн, Луис Томлинсон и Ниал Хоран се подготвуваат за специјалното обединување за 10 годишнината, а единствено што им преостана да го направат е да го убедат Зејн Малик да им се приклучи. Според изворот, четворицата членови на бендот прават се што е во нивна моќ да го убедат Зејн да се сложи да биде дел од овој посебен јубилеј.

“Тие знаат дека нивните обожаватели сакаат да направат повеќе, но ова ќе биде строго еднократко. Момците се обидуваат да ја прославата 10 годишнината со потенцијален настап и веројатно нова музика. Имаше разговори за настапите на “America’s Got Talent” или “The Late Late Show with James Corden”. Или, тие би можеле да снимат посебен специјал кој би изгледал како мини документарец”, истакна изворот.

“Тоа ќе биде тогаш и само тогаш. Доколку не може да испланираат настап, тогаш новата музика ќе биде главен фокус”, заврши изворот.

Повеќе на Музика24...