Заедничка турнеја на Еминем и Ријана

По заедничкиот хит “Monster”, поп ѕвездата Ријана и раперот Еминем одлучија да имаат мини тунеја кон крајот на летото.

“Се наближува шоуто кое го подготвувам со Ријана. Ќе имаме заеднички настап во Њујорк, во Лос Анџелес и во Детроит”, изјави Еминем. Мини турнејата, што ќе се одржи на крајот од август е наречена “Тhе Monster Tour”. Ријана и Еминем во 2010-та година имаа успешен дует “Love The Way You Lie”.

Подготви: Елена Ивановска

Повеќе на Музика24...