Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека наскоро ќе се одржи првото издание на џез фестивалот “Порта Џез Фестивал”.Фестивалот ќе се одржи од 28-ми фебруари до 2-ри март во популарниот битолски клуб “Порта Џез”. Како што дознаваме, на овој прв битолски џез фестивал, ќе настапат: триото на Тони Китановски, Сашо Поповски, бендот “Сетстат”, Алек Секуловски, Оливер Секуловски, кубанскиот перкусионист Оскар Салас и Американецот Дејв Вилсон. Фестивалот свечено ќе биде отворен од страна на големиот македонски промотор на џез музиката во Македонија Оливер Белопета. За сите Вас заинтересирани кои сакате да бидете дел од ова прво џез случување во Битола, слободно информирајте се и уште одсега набавете си влезници.
Подготви: Магдалена Атанасовска