21-ви февруари резервиран за “Златна бубамара на популарноста” (Видео)

“Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку се уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на “Златна бубамара на популарноста”, вака звучи рекламниот слоган за овогодинешното издание на една од најпосакуваните манифестации во годината.

https://www.facebook.com/1803288669909041/videos/1762191690592615/

Оваа година, “Златна бубамара на популарноста” ќе се одржи на 21-ви февруари во ВИП арената “Борис Трајковски” во Скопје, а организаторите и оваа година ветуваат одлично помината вечер, исполнета со многу забава, музика, смеење и чист и проветрен воздух.

И на овогодинешното 22-ро издание на “Златна бубамара на популарноста” водител ќе биде неповторливиот и оргинален Сашко Коцев.

Повеќе на Музика24...