2Бона, Анета Мицевска со групата “Молика” и Џамбо Агушев на 15-ти февруари со настап во Швајцарија

По повод празникот Св.Трифун и Св.Валентин, македонското друштво “Пирок” организира голема македонска забава во Швајцарија. Забавата и овојпат ќе се одржи во Halle des Fetes, Payerne, а е предвидена богата музичка програма за сите вкусови.

Ќе настапат незаменливите Анета Мицевска со групата “Молика”, едни од најомилените кај помладата публика извонредните 2Бона, а за забавата да биде уште поатрактивна дел од оваа вечер ќе биде и Џамбо Агушев со неговиот оркестар. После 23 часот е предвидена забава со Ди-џеј Гурумикс и Ди-џеј Тренд. Се разбира дека и овојпат, друштвото “Пирок” најавува и богата лотарија, а главна добивка ќе биде автомобил.

Повеќе на Музика24...