Во прв ред

30 години Авалон продукција – низа концерти од кој првиот на Бајага и Инструктиори

Како што не информираат нашите пријатели и соработници од Авалон продукција, на 9-ти декември, во салата „Јане Сандански“ во Скопје концерт ќе одржи српскиот кантавтор Момчило Бајагиќ-Бајага со неговиот бенд „Инструктори“. Концертот е во организација на Авалон продукција, во рамки на прославата на 30 години од основањето на продукцијата.

Се најавува концерт кој ќе трае два и пол часа со повеќето од хитовите кои Бајага ги напиша и ги отпеа во текот на 40-годишната кариера.

Музичката кариера Бајага ја започнал на 14 години во групата „ТНТ“. По три години ѝ се приклучил на „Рибља чорба“. На почетокот, тој се појавувал само на концертите на групата, па станал главен композитор, заедно со Бора Ѓорѓевиќ. Во 1984, Бајага бил исфрлен од „Рибља чорба“, а подоцна ја основал својата група.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во ограничен број на 16-ти октомври во 9 часот online на ticketx.mk и преку нивната продажна мрежа низ Македонија.

Можеби ќе ве интересира: