8 години – Музика24

На денешен ден пред точно 8 години стартуваше музичкиот портал Музика24. 8 години секојдневно се трудиме и веруваме дека успеваме да ве информираме се што е ново на музичката сцена, како кај нас во Македонија, така и надвор од неа, на Балканот и многу подалеку.

Иако сме можеби мала редакција со неколку новинари, ги следиме речиси сите поважни и поголеми музички настани кои заслужуваат и треба да бидат и видени и истото да биде пренесено на Вам читателите. Се надеваме и веруваме дека со сите оние замисли и идеи кои треба да се реализираат пред и во Новата година, ќе бидеме еден ов Вашите омилени портали, медиум кој што ќе Ве информира пред се за музиката, а потоа и за се она што би сакале да прочитате од култура, забава и занимливости.

Благодарение на Вас, ние постоиме.

Редакција на музичкиот портал Музика24.мк

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.