Во прв ред

Aцо Пејовиќ на 3 август со голем концерт на „Билјанини извори“

После незаборавните скопски концерти, Balkan Media Production Ви ги претставува летните охридски спектакли. Ацо Пејовиќ, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, доаѓа повторно во Охрид, каде што ќе одржи концерт на 3-ти август на „Билјанини извори“.

Тие што веќе имале можност да го слушаат знаат дека ќе биде огромно задоволство да се ужива во неговата интерпретација и хитови како што се „Da si tu”, „Godina i jace”, „Sve ti dugujem”, „Ponoc”… и многу други, а оние пак, што досега немале можност да уживаат во неговата музика, сега имаат совршена шанса да го сторат тоа.

Изминатиов период, Ацо Пејовиќ работеше на нов материјал, односно албум кој ќе го комплетира овој месец. На новиот материјал, за кој тој вели дека го создавал без брзање и временски рамки, работеа Жељко Јоксимовиќ и хитмејкерот Драган Брајовиќ – Браја.

Препознатлив, а свој. Ацо Пејовиќ е човек кој го сакате или не. Трето нема. Помеѓу тие факти стои неговиот успех. Неоспорен и докажан. А успеа уште многу одамна. И тој успех никој не може да му го земе. И тоа е печат на неговиот живот, кариера и песни кои во последните неколку години го отсликаа неговиот живот, неговото срце и се она што во себе го носи.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (петок) и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

Токму затоа, не ја пропуштајте највозбудливата вечер со Ацо Пејовиќ, дојдете сите во Охрид и подгответе се за вистинско шоу!

Можеби ќе ве интересира: