Во прв ред

Аки Рахимовски ќе одржи концерт со Камерниот оркестар на Битола (Видео)

Легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, на 7-ми јули ќе настапи на концертот „Рок симфонија“ на Камерниот оркестар на Битола. Концертот ќе се одржи на Ракометното игралиште во Битола со почеток во 21 часот.

„Хај Битола. Повелете на 7-ми јули на Ракометното игралиште во Битола на концертот „Рок симфонија“, заедно со Камерниот оркестар на Битола да ги испееме најубавите песни на „Парни ваљак“. Ве поздравува Аки“, порачува Рахимовски во видео-пораката.

Ова е првиот од трите најавени концерти од проектот „Балкан гала“. На 9-ти јули следува „Поп симфонија“, а „Електро симфонија“ на 11-ти јули.

Можеби ќе ве интересира: