Во прв ред

Аква Парк Пробиштип за денес ви најавува луда забава со познатиот DJ Nick Kapa

За прв пат, на местото кое се тресе од забави секој викенд, европскиот хитмејкер DJ Nick Kapa. И денес втори август, Аква Парк- Пробиштип ви нуди забава за паметење и како веќе докажана екипа за реализација на одлични журки и овој петок очекуваме позитивен хаос заедно со DJ Nick Kapa. DJ Nick Kapa, познат како “летниот” DJ поради песните кои ги пласира секое лето и истите стануваат европски хитови, овој викенд ќе биде во Македонија. Тој за неговото гостување вели:

“Се радувам што добив покана од две места покрај вода овој викенд. Едвај чекам да се сретнеме во Пробиштип, покрај базен, а па потоа се гледаме во Охрид, во сабота на трети покрај езеро. И на двете места ќе грмиме јако!”, изјави де-џејот за македонските медиуми. Инаку, DJ Nick Kapa по Пробиштип, патува за Охрид каде на утре трети ќе биде дел од журката на Градиште (2ра плажа) заедно со Слаткаристика, Газда Паја, Токсиколози и други.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: