Во прв ред

Амадеус Бенд го “запалија” Calypso (Фото)

Пред само некој ден Ве информиравме за концертот кој што познатата српска група Амадеус Бенд ќе го одржи во градот Прилеп, градот кој на големо се подготвува деновиве и за големиот музички настан “Пивофест”. Како и секогаш, и овој пат не би биле Музика24 ако немаме своја екипа на настанот, концертот кој што го собира Прилеп на едно место.

И би, се одржа концертот пред многубројната прилепска публика која што беше овој пат навистина многубројна, а најдобриот и најпознат клуб во овој град Calypso речиси и да беше преполн, а публиката како и секогаш, верни фанови желни за добра забава, пеење и уживајње во хитовите од најпознатиот бенд на балканот, Амадеус Бенд.

Fanovi_Amadeus Bend_prilepА тие пак, ни приредија вечер за паметење која долго ќе се памети и зборува, особено најмногу оние нивните најголеми фанови кои беа во првите редови. Концертот го започнаа со новиот хит “Југославија”, а веднаш потоа продолжија со “Моја земја”, “Лажуте”, “Није свеједно”… и многуте нивни стари и нови хитови.

Интересно како за публиката, така и за нашата новинарска екипа беше тоа што овој бенд одлично се подготвувал за овој долго најавуван концерт, па меѓудругото, освен нивните добро познати хитови публиката ја поздравија и со познати македонски песни меѓу кои беа: “Едно име имаме”, препознатливата “Македонско девојче”, “Море сокол пие”, големиот македонски хит “Не кани ме”… А веднаш потоа, Амадеус Бенд концертот го продолжија со познати српски хитови се до раните утрински часови.

Amadeus Bend_prilepИм благодариме на организаторите, клубот Calypso кои што не само што се потрудија, туку едноставно организираа и организраат големи музички настаи и проекти со кои младите во градот Прилеп можат слободно да кажат дека имаат каде убаво и квалитетно да се забавуваат и да уживаат во овие летни и навистина претопли денови.

До следната забава од овој град, Ве поздравува нашата екипа од градот под Марковите кули.

За Музика24 од Прилеп: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: