Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек овој август во Битола

Авалон Продукција се потруди да ги исполни желбите и на битолчани да имаат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид да настапат и во Битола. Па така, публиката ќе може да ги види следните артисти во следните денови и редослед:

-Амира Медуњанин: 08-ми август, почеток 21 часот,
-Дарко Рундек: 14-ти август, почеток, 21 часот и
-Жељко Бебек: 22-ри август, почеток 21 часот

Во продажба ќе бидат пуштени само 600 влезници од концерт, и тоа веднаш од утре преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, Avalon Music & Ticket Store и онлајн на avalon.mk, по цена од 600 денари по концерт. Побрзајте со купување на влезниците, бидејќи истите ќе бидат во ограничен број.

Имено, покрај редовните спонзори овие концерти ќе се реализираат и под покровителство на Општина Битола, следејќи ги договорените протоколи на Министерството за здравство.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.