Во прв ред

Андреа и Наде Талевска ќе настапат во музичкиот дел на „Скопје Прајд“

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ на 25 јуни ќе се одржи овогодишното издание на „Скопје Прајд“. Настанот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена-борец“, а во 19 часот ќе започне протестниот марш до Градскиот парк по што ќе продолжи со културно-забавна програма на стадионот на АРМ.

Забавниот дел од програмата ќе ја отвори македонската претставничка на Евровизија, Андреа, а ќе следуваат и настапи на оперската пејачка Наде Талевска – Спасовска, триото дрег кралици од Србија, Alex Elektra, Dita Von Bill и Lana Vee, Ronda Vu од Њујорк, Divon Jane, Linda Socialis, DJ Андреј Мицајков, DJ Јана Тодоровска, DJ Мартина Пенева и DJ Џинџер.

Зошто повикуваме да се излезе за љубов? Затоа што во време на криза, војна и сиромаштија, лесно се заборава на љубовта, а омразата уште полесно ги окупира мислите и срцата на луѓето. Затоа што само со љубов можеме да се спротивставиме на насилството на кое различните се подложени и тогаш кога за сите други владее мирот. – рекоа од Националната мрежа.

Посочуваат дека ЛГБТ+ луѓето се мета на омаловажување, дехуманизирање и говор на омраза и тешко ги остваруваат своите права. Заради тоа парадата е важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Организаторите посочија дека имаат одлична соработка со Министерството за внатрешни работи и дека очекуваат безбеден настан.

 

Можеби ќе ве интересира: