Андријана Јаневска со концерт во Албанија за Илинден (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, нашата позната и популарна пејачка Андријана Јаневска на 2-ри август Илинден со свој голем концерт ќе настапи во Албанија за нашите македонци кои живеат и работат во оваа земја. Андријана својот концерт ќе го оддржи во Преспа, каде публиката ќе ја почести со своите многубројни хитови. Таа по тој повод на својот Фејсбук профил напиша:

“Ми претставува неизмерна чест што ќе го отворам годинешното “Македонско културно лето” во Албанија на ден Илинден! Преспа ми е под кожа, прекрасна природа и питоми и гостопримливи луѓе. Ви благодарам за поканата”.

Веруваме дека сите присутни на концертот кои ќе ја имаат таа ретка привилегија да слушнат пред се македонска музика во живо, ќе уживаат во сето она што Јаневска како одличен вокал и веќе докажана како во Македонија, така и низ светот ќе им претстави и отпее на нашите македонци во Албанија.

Подготви: Андреа Андреевиќ

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.