Изминатиот викенд во Angels cafe беше незаборавен. Во петокот К-105 покрај најголемите странски hiphop & RnB хитови ни понуди и многу македонска музика, а и ептен се направивме лом во саботата. Овој викенд ќе биде исто авантуристички. Ќе се прошетаме низ многу стилови на музиката, а можеби и низ времето преку убавата атмосфера. Ќе ви откриеме за што станува збор:
- Петок – HipHop DJ Mawrteen
- Сабота – Masqurade party – DJ Ivan G & DJ Vasile
- Недела – Shine
На маскарадата можеби ќе се чувствувате ко херои, можеби Штип не е Венеција, но… сигурно со криењето на својот идентитет под маски звучи мистично, магично, таинствено или пак за некои ќе претставува морално ослободување. Целта на маскарадата не е променета, уште од најстаро време причината била добрата забава.
Не мора да мислите за маскирањето, креативната идеја во целост ќе биде изреализирана од страна на организаторите, кои ќе Ви посакаат добредојде со поклонување на маска на самиот влез. Јас за ништо не ги пропуштам забавите овој викенд во Angels cafe, а сигурна сум дека истото го мислите и ќе го направите и Вие.
За Музика24 од Штип: Сања Неткова