Во прв ред

„АРЕА“ и „Ван Гог“ ќе се дружат со своите обожаватели во Битола

Како што веќе сите знаат, утревечер на сцената на Ракометното игралиште во Битола свој концерт ќе имаат два култни рок бендови – „Ареа“ и „Ван Гог“. Во пресрет на дуплата рокенрол забава, Сцена продукција организира дружење со „Ареа“ и „Ван Гог“. утре на Ракометното игралиште со почеток во 13 часот.

Сите нивни обожаватели ќе имаат можност да се фотографираат со Ружица и останатите членови на „Ареа”, а се разбира и со Џуле и момците од „Ван Гог“. Освен фотографија со омилените бендови, за најсреќните меѓу присутните следуваат подароци. Така присутните ќе имаат прилика да добијат оргинален примерок од CD на „Ван Гог“ или CD-то со новиот албум на „Ареа” кој наскоро излегува по повод нивниот јубилеј – 30 години на сцената, а кој се уште не е во продажба.

За оние кои се уште не ги купиле своите влезници, на билетара на Ракометното игралиште во периодот од 13 до 18 часот истите ќе се продаваат по цена од 600 денари а од 19 часот по цена од 800 денари. Се гледаме утре!

Можеби ќе ве интересира: